ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ И РОДИТЕЛИ,
Среќен почеток на новата учебна година генерација 2023/2024 год. Посакуваме сите заедно успешно  да одговориме на образовните предизвици кои се пред нас. Модуларните наставни програми модернизирани и прилагодени на современото време и пазарот на трудот не обврзува сите нас да биде проактивни , мотивирани и одговорни во постигнување на целите на ВОП.
Во училишните торби покрај учебниците , тетратките и приборот понесете голема насмевка, многуразбирање , грижа за соучениците и околината , бидете љубопитни и подгответе се за најубавиот период во Вашиот живот со цел стекнување на знаења, вештини и компетенции.
Тука сме да едуцираме, да бидеме Ваша поддршка и заедно да ги поминеме средношколските денови.
Наставниот кадар, стручните служби и директор на училиштето Ви посакуваат  среќна и  успешна учебна година!
 
Со почит, 
Директор СЕПУГС ” Васил Антевски – Дрен ” Скопје
м-р Тања Јовановска 

Корисни информации