Натпревари по географија и музика

На ден 13.05.2023 година на Државен натпревар по географија во категорија Средни стручни училишта, учениците од нашето училиште СЕПУГС,,Васил Антевски Дрен,, Скопје под менторство на проф.Елизабета Брсакоска Георгиевска освоија :
  1. Ангела Трпеска I место
  2. Мила Ѓорѓиевска II место
  3. Надица Митева III местo
Честитки за постигнатиот успех на државниот натпревар

На ден 14.05.2023 година се одржа ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР за средно образование, организиран од Здружението на музички педагози на Македонија.

Наш претставник беше Етно бендот составен од учениците: Јована Стојковска I-12, Јован Василевски III-1 и Иван Јанковски (I-2) под менторство на професорот Кристијан Стојановски. Учениците беа единствениот училишен бенд од Скопје кои успеаја да учествуваат на Државниот натпревар. Се претставија со две Македонски народни песни и се закитија со ПРВО МЕСТО.

,,Генералка викенд”

Почитувани организатори, Град Скопје, Пакомак, Пивара Скопје, МАМ, Нула отпад и Life Sparkasse.

Ви благодариме што нашето училиште беше дел од акцијата ,,Генералка викенд” и огромна благодарност до координаторот и нашите ученици кои беа дел од акцијата во СПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје. Заедно се грижиме за чиста и здрава средина со цел зголемување на општествената одговорност. ЗАЕДНО МОЖЕМЕ СЕ!

Наставници од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ го реализираат проектот на Еразмус+, Алатки за дигиталната училница

Во рамките на проектот Еразмус+ за средно образование група oд 9 наставници го реализира проектот насловен Алатки за дигиталната училница (Tools for the digital classroom). Наставниците од средното економско правно училиште на град Скопје „Васил Антевски -Дрен“ ја следеа обуката во центарот за едукативни проекти „Чекдев“ во Анталија, Турција.

Идејата за проектот произлезе од потребата на наставниците да се обучат да користат дигитални алатки (Web2.0) во наставниот процес. Појдовна точка за темата беше спроведената анкета на наставниците во СЕПУГС ,,Васил Антевски-Дрен” Скопје, од која се виде дека помалку од 20% од наставниците знаат да користат само неколку дигитални алатки. На прашањето од анкетата дали сметаат дека алатките ќе донесат поголема мотивација и активност на часовите, повеќе од 70% од наставници одговорија позитивно.

Обуката во Анталија се одвиваше седум дена во месец мај 2022 година. Во учебната година 2022-2023 обучените наставници спроведоа дисеминација на знаењето и на стекнатите вештини од обуката на своите колеги како и на колеги од други средни училишта. Научените дигитални алатки активно се користат во наставата по различни предмети, додека учениците лесно ги прифаќаат бидејќи им носат динамика на часовите, поголема активност, како и зголемена интеракција со професорите.

Избор на најдобра ученичка копмпанија

СЕПУГС “Васил Антевски-Дрен” во организација на Џуниор Ачивмент за прв пат учествува на Национален натпревар за “Избор на најдобра ученичка копмпанија” и во конкуренција од 52 пријавени училишта, нашето го зазема високото III место!

Нашата училишната компанија МИДОРИ ја основаа и раководеа учениците Христијан Дебарлиев, Дамјан Ѓорѓиевски, Вања Чижбаноски, Ангела Бошковска и Елеонора Ачковска водени од менторот професор Радојка Хелман Денковска.

Учениците изработија Платформа (Апликација) за ВИРТУЕЛНА ПРАКСА во форма на видео игра која им овозможува на учениците да менаџираат сопствен бизнис преку реалистични симулации Истата содржи и едукативно катче за микротрансакции, финансирање и совети за бизнис концепти како криптовалутите.

На Националниот натпревар беа присутни и Џејмс Стајн, директор на УСАИД и Јетон Шаќири, Министер за образование и наука, кои беа воодушевени од нашиот проект и упатија многу пофални зборови.

ПРИКЛУЧИ СЕ НА ВИРТУЕЛНИОТ СВЕТ ДЕНЕС И СТАНИ УСПЕШЕН БИЗНИСМЕН УТРЕ!

Подготвени за новиот образовен профил Е-трговија и дигитален маркетинг!

Гувернерката им ги додели наградите на учениците од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ на Квизот организиран од Народната банка

Подигањето на јавната свест за значењето на финансиската писменост, како за граѓаните, така и за економијата, има значајна улога во спроведувањето на процесот на финансиска едукација. За оваа цел, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска го посети СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ ‒ Скопје, доделувајќи им награди на учениците кои учествуваа на едукативниот квиз на Народната банка по повод одбележувањето на „Глобалната недела на парите“. Во оваа прилика, гувернерката одржа едукативна презентација пред учениците и оствари работна средба со раководството на училиштето на која се разговараше за можните форми на натамошна соработка во доменот на финансиската едукација.

Во својата презентација, гувернерката се осврна на основните цели и функциите на Народната банка, како и на нејзината улога во одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Исто така, беше истакнато и значењето на финансиската писменост на населението и сѐ поголемата улога на централните банки во овој домен. Народната банка во последните години вложува зголемени напори за зајакнување на финансиската едукација и инклузија, во согласност со првата национална стратегија во овој домен донесена од страна на финансиските регулатори, предводени од Народната банка. Централната банка има објавено бројни едукативни материјали и на редовна основа спроведува едукативни активности за различни старосни групи, особено за младото население. Како поранешна ученичка од ова средно училиште, гувернерката го истакна финансиското знаење како суштинско, не само за тие кои одбрале професионално да се занимаваат со финансии туку и за целото население, особено во современиот динамичен финансиски систем.     

По одржувањето на презентацијата, им беа доделени пригодни награди на Ева Младенова, Кристина Митовска и Јована Петровска, ученичките кои ги освоија првите три места на едукативниот квиз што виртуелно се одржа на 23 март 2023 година, за време на одбележувањето на „Глобалната недела на парите“, во организација на Народната банка. На едукативниот квиз учествуваа 26 ученици од III и IV година кои одговараа на прашања од доменот на работењето на Народната банка и на банкарскиот систем. Централната банка и во иднина ќе презема ваков тип едукативни активности за учениците од основните и од средните училишта во земјава, со цел да се зголеми нивото на финансиската писменост кај младите.

Универзитеoт „Гоце Делчев“ – Штип го одржа Форумот за младинско учество во образованието

15 средни училишта од над 10 општини, студенти, средношколци и компании беа дел од денешниот Форум на младинско учество во образованието. Младите средношколци, како и студентите на УГД, имаа можност да бидат слушнати од стручниот кадар на Универзитетот и да споделат размислувања и идеи за унапредување на високото образование, со нивно активно вклучување. 

– Ова е прв чекор во кој Универзитетот се обидува да изгради подобра соработка со средношколските центри и со младите воопшто. Ние како Универзитет можеме да ги ставиме сите ресурси на нивно располагање и во изградба на нивната професионална кариера. Се надевам дека ќе имаме дискусии кои ќе ни дадат правец и нам како Универзитет и ќе им овозможиме на средношколците да направат соодветен избор на идната струка – истакна ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

На Форумот беше презентиран и уникатен софтвер за систематско собирање на информации за млади таленти од средните училишта, креиран од Факултет за информатика при УГД.

Младите таленти, понатаму, ќе добијат можност за дополнителна поддршка во образованието преку подготовка за натпревари, можност за учење во универзитетските лаборатории и бесплатно присуство на обуки од професорите на УГД.

На настанот присуствуваа и претставници на бизнис заедницата, Стопанската комора, претставници на средни училишта, како и градоначалникот на Штип, градот домаќин. Овој Форум е почеток на менување на начинот на соработка меѓу високото и средното образование. На крајот на Форумот, ректорот на УГД потпиша Договор за меѓусебна соработка со претставниците на средните училишта преку кој во иднина ќе се одвиваат најголем дел од активностите. 

Посета на ученици на Кабинетот на претседателот во рамки на Отворен Кабинет

Во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од Средното економско правно училиште на град Скопје „Васил Антевски -Дрен“.

Посетителите имаа можност да се сретнат и да разговараат со претседателот Пендаровски за неговата работа и надлежностите, за активностите кои се одвиваат во Кабинетот, како и за актуелните општествено-политички прашања.

Посетителите ги разгледаа работните простории во кои се реализираат официјалните и работните средби, како и Мозаик салата во која е поставен диптихот „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ на академик Глигор Чемерски. Од вработените беа запознати со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот, како и со начинот на функционирање на институцијата.

Отворен Кабинет како дел од проектот Лице в лице со Претседателот овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Досега Кабинетот го посетиле граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта.

Погледнете го видеото на Facebook и YouTube.

Го променивме и поедноставивме начинот на уписи во средно образование.

Го променивме и поедноставивме начинот на уписи во средно образование.

Сега можете да го завршите целиот процес онлајн!

Со едноставно кликање на платформата ➡️ https://e-uslugi.mon.gov.mk и пополнување на потребните податоци, вашата апликација ќе биде спремна за само неколку минути.

🗣 Биди дел од модерен образовен систем

 

📢 За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2022 (10.00 часот). Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 (најдоцна до 15.00 часот), после што системот ќе биде затворен за аплицирање.
*Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Дигитални услуги во сектор образование – фаза 2“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразува секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Запишувањето во средно училиште сега е едноставно како 1, 2, 3, 4!

Запишувањето во средно училиште сега е едноставно како 1, 2, 3, 4!

✅Ја отвораш новата платформа за уписи ➡️ www.e-uslugi.mon.gov.mk

✅Ги пополнуваш податоците и ги прикачуваш потребните документи

✅Притискаш аплицирај

✅Ја печатиш потврдата која потоа треба да ја прилижиш во одбраното училиште
Бидете дел од модерен образовен систем! 📚

 

📢 За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2022 (10.00 часот). Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 (најдоцна до 15.00 часот), после што системот ќе биде затворен за аплицирање.
*Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Дигитални услуги во сектор образование – фаза 2“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразува секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.