Настан со Еко Логик “Хаб на истражувачи” на 12 декември во СЕПУГС Васил Антевски Дрен

Во вторникот, на 12 декември во СЕПУГС Васил Антевски Дрен. Еко Логик “Хаб на истражувачи” заедно со педесетина еко-посветени ученици и нивната професорка Елизабета, зборуваа за некои од најинтересните иницијативи на еко истражувања, мапирања и набљудувања.
Младите економисти од “Васил Антевски” се дел од средношколците од неколку скопски училишта кои ги посети Еко Логик “Хаб на истражувачи” деновиве.
Активностите на Еко Логик “Хаб на истражувачи” се спроведуваат со поддршка на U.S. Embassy / Амбасада на САД

Проект за млади “DigiCoop for Youth Employment Platform”

На ден 4.12.2023 (понеделник) учениците од Васил Антевски-Дрен присуствуваа на проектот за млади “DigiCoop for Youth Employment Platform” каде што се запознаа со новата дигитална платформа ” DigiCoop”. Целта на оваа платформа е сите информации кои се од голема важност за младите да бидат достапни на едно место, каде ќе имаат можност да најдат информации за натамошно образование, вработување и мобилност во нашата држава, но ќе имаат и можност да гледаат и огласи за вработување во Грција и Бугарија. Платформата е бесплатна и може да ја користат сите млади луѓе кои бараат подобри можности. Платформата може да ја најдете на www.digicoop.net

Благодарност до Француски институт во Скопје и Француската Амбасада

Благодарност до Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje и Француската Амбасада за возвратната посета на училиштата од регионот Auvergne – Rhone -Alpes и училиштето Leonardo Da Vinci за организацијата, на тимот од НА за насоките за споделените искуства од проекти од програмата Еразмус плус и реализација на договорените активности помеѓу француските и македонските училишта во иднина.Унапредувањето на ВОП останува наша примарна цел во интерес на учениците и наставата.

Нашата ученичка Сара Јованова од II-11 паралелка освои прво место во категоријата за средно образование на објавениот конкурс од Народна банка и Министерство за финансии по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври

На објавениот конкурс од Народна банка и Министерство за финансии по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври, нашата ученичка Сара Јованова од II-11 паралелка освои прво место во категоријата за средно образование. Честитки до Сара за нејзиното учество и освоената награда за литературната творба- есеј на тема ,,Штедењето-чекор кон финансиска независност”, под менторство на проф. по македонски јазик и литература, Фросина Митковска.

Денес, 27.11.2023 год. во просториите на Народна банка доделена е наградата од страна на гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска и заменикот-министер за финансии, Филип Николовски.

По доделувањето на наградите и дипломите на сите наградени ученици од основно и средно образование имавме можност да го посетиме и Музејот на Народна банка.

Донација на 10 садници од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности

Благодарност до Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности за донацијата на 10 садници. За таа цел учениците од нашето училиште изработија еколошки пораки со цел подигнување на свеста на младите луѓе.

Втор настан по повод „Јустинијановите приказни“

На вториот настан по повод „Јустинијановите приказни“ нашето училиште доби покана од Правниот факултет ,,Јустинијан први,, да присуствува на овој настан, на кој своите спомени од факултетските денови и животни лекции стекнати во нивниот професионален развој ги раскажаа поканетите гости:
  • г-ѓа Наташа Трпеноска, адвокатка
  • г-дин Горан Михајловски, новинар
  • г-ѓа Кристина Атовска, новинарка
На овој начин се оствари поблиска соработка меѓу поканетите гости и нашите ученици како идни студенти на Правниот факултет На настанот присуствуваа проф.Снежана Бриндевска, проф.Ангела Динева и ученици од трета и четврта година како претставници од СЕПУГС ,,Васил Антевски-Дрен,,

Патронен празник на нашето училиште

Денес се одбележа патрониот празник на нашето училиште кое гордо го носи името на истакнатиот македонски револуционер и учесник во Народноослободителната борба, Васил Антевски – Дрен. Празникот се одбележа свечено и достоинствено, и по тој повод во посета беа ученици и наставници од Полска кои се запознаа со Еразмус активностите и наставните профили кои се изучуваат во нашето училиште. Нека ни е честит патрониот празник со желби за многу успеси во годините што претстојат!

Kрводарителска акција во соработка со Институт за транзфузиона медицина и Црвениот крст на РСМ

Во чест на патрониот празник на училиштето 28.10.2023 година беше организирана крводарителска акција во соработка со Институт за транзфузиона медицина и Црвениот крст на РСМ.
Уште еден успешен ден на полето на крводарувањето во СЕПУГС “ВАСИЛ АНТЕВСКИ-ДРЕН” 72 ученици и 8 вработени повторно ја покажаа хуманата страна со дарување на крв во есенската крводарителска акција.
Заедно во акцијата подари живот е дел од нашата емпатија и хуманост.

По повод Европскиот ден на правдата, посета на Министерството за правда на Република С. Македонија

Ученици од СЕПУГС ,,Васил Антевски – Дрен” денес беа во посета на Министерството за правда по повод Европскиот ден на правдата.
Министерот за правда Кренар Лога ги запозна учениците одблизу за работата од надлежност на Министерството за правда, како и за правната помош кои ја нуди оваа институција.

По повод Европскиот ден на правдата, посета на Управниот суд на Република С. Македонија

По повод Европскиот ден на правдата, на 25.10.2023, група ученици од трета и четврта година од нашето училиште СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ го посетија Управниот суд на Република С. Македонија. Говор одржа Претседателот на Судот, а нашите ученици имаа можност да се запознаат со работата на судот, како и да присуствуват на судење.