Го променивме и поедноставивме начинот на уписи во средно образование.
Сега можете да го завршите целиот процес онлајн!
Со едноставно кликање на платформата https://e-uslugi.mon.gov.mk и пополнување на потребните податоци, вашата апликација ќе биде спремна за само неколку минути.
Биди дел од модерен образовен систем
За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2022 (10.00 часот). Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 (најдоцна до 15.00 часот), после што системот ќе биде затворен за аплицирање.
*Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Дигитални услуги во сектор образование – фаза 2“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразува секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.
No comment yet, add your voice below!