Денес се одбележа патрониот празник на нашето училиште кое гордо го носи името на истакнатиот македонски револуционер и учесник во Народноослободителната борба, Васил Антевски – Дрен. Празникот се одбележа свечено и достоинствено, и по тој повод во посета беа ученици и наставници од Полска кои се запознаа со Еразмус активностите и наставните профили кои се изучуваат во нашето училиште.
Нека ни е честит патрониот празник со желби за многу успеси во годините што претстојат!
Kрводарителска акција во соработка со Институт за транзфузиона медицина и Црвениот крст на РСМ
По повод Европскиот ден на правдата, посета на Министерството за правда на Република С. Македонија
По повод Европскиот ден на правдата, посета на Управниот суд на Република С. Македонија
Настан Erasmus Days на тема: “Dren experiences Erasmus”
Осум ученици од средното скопско училиште „Васил Антевски-Дрен“ ќе имаат можност да се стекнат со практични вештини и искуства во различни сектори на ТИРЗ
Група ученици од СЕПУГС “Васил Антевски- Дрен” присуствуваа на емитување на филмот “The YouТube Effect”
Присуство на ученици од средното училиште „Васил Антевски Дрен“- Скопје на проекција на филмот “The sleeping beast”
Агенцијата за филм во соработка со фестивалот „Браќа Манаки“, а во насока на приближување на филмската уметност до младите генерации, организираше присуство на ученици од средното училиште „Васил Антевски Дрен“- Скопје на проекција на филмот “The sleeping beast” во Центарот за Култура во Битола кој е наменет за средношколци или основци од повисоките одделенија.
Претходеше дводневна работилница “Наследниците на Манаки“, а на 24ти септември од 17:00 часот се одржа Церемонијата на доделување на наградата, која лично ја додели кинематограферката на филмот Elen Lotman.
International Cinematographers’ Film Festival MANAKI BROTHERS






























































